Туалант Џака, капитен на Базел и репрезентативец на Албанија е тема на денот во Швајцарија. Медиумите се згрозени од она што го нарави братот на фудбалерот на Арсенал, Гранит Џака, на натпреварот Базел-Цирих 0:2.
Швајцарските медиуми го осудија насилничкотооднесување на Таулант Џака. Во самиот финиш на мечот, веројатно испровоциран од поразот, Џака го нападна гостинскиот играч Никола Катиќ, го удри со глава во градите.
Судијата Алесандро Дудиќ му го покажа вториот жолт картон и го испрати во соблекувалната. Откако беше повикан да ја прегледа снимката, судијата Дудиќ го врати Џака на теренот за да му покажа директен црвен картон.
За Албанецот ова беше втор ваков старт на мечот, претходно се бореше и со Антонио Маркесан, кога ја заработи првата јавна опомена.
Xhaka losing it. First a second yellow, then he goes full Zinedine Zidane.
I doubt he will play anymore matches in Super League this season.
What a finish of the Klassiker.#rotblaulive #fczuerich #BASFCZ pic.twitter.com/GdofOyKU3G
— Swiss Football Data (@swissfootdata) May 7, 2023
Ден по натпреварот швајцарските медиуми сериозно се занимаваа со испадот на Џака, новинарите на порталот на весникот „Блих“ го нарекоа териер и го осудија за дивјачко однесување.
„Мега казна го очекува териерот Џака“, е насловот на еден од написите на овој портал посветен на инцидентот на натпреварот помеѓу Базел и Цирих.
„За играчот на Базел Џака сезоната ќе заврши на четири кола пред крајот, бидејќи ќе добие голема казна“, е мислењето на авторот на написот.
Со скандалот се занимаваше и уредничката на порталот Стефи Бухли, која беше многу остра кон она што го направи искусниот фудбалер.
„Како да ја уништите репутацијата за само пет минути? Таулант Џака има шест титули зад своето име. Пристоен, незабележлив надвор од теренот. Тој е заштитен знак на Базел. За клубот во Суперлигата играше над 240 пати, заработи жолт картон 70 пати, црвен само еднаш. И тогаш, бум, ова се случува. Џака знаеше што носи овој натпревар, тој е толку искусен. Знае за провокациите на ривалот, ветеран е. И реагираше како што реагираше – еден играч фати за врат, друг удри со глава. Се прашувам што му се случи да направи такво нешто “, се вели меѓу другото во текстот.