Top Sport

(Видео) Скандал во Ријад: Свирежи од трибините кога му се оддаваше почит на Бекенбауер

Некултурното однесување на навивачите во Ријад го обележа почетокот на дуелот во Сууперкупот на Панија меѓу градските ривали реал и Атлетико.

Фудбалскиот свет го напушти легендарниот Франц Бекенбауер, еден од најголемите играчи во историјата на најпопуларниот спорт. Не само во Германија, туку и ширум светот му оддадоа чест на популарниот Кајзер, но во Саудиска Арабија се случи скандал.

Скандал кој треба да ги загрижи сите во ФИФА, ако тоа воопшто ги интересира водечките луѓе на светскиот фудбал.

Имено, пред почетокот на полуфиналниот меч играчите се прегрнаа во круг на центарот на теренот, за да му оддадат последна почит на Франц Бекенбауер со минута молчење, во тој момент од трибините се слушнаа свирежи, кои ги шокираа играчите.

Scroll to Top