Романија и Украина на Алијанц арена во Минхен го играат првиот натпревар во Е групата на Европското првенство во фудбал.
Романците по 45 минути водат со 1:0.
Иако Украина беше поопасна и имаше поголем посед на топката, не добија ништо од таквиот присат.
Во 29.минута, грешката на Лунин ја искористи капитенот на Романија Никулае Станчу ја од 21 метар испрати проектил во спротивниот агол.
Без дилема ова е најубавиот гол во досегашниот тек на турнирот.
Stanciu's goal against Ukraine, probably one of the most beautiful yet in the EURO 24
Romania leads 1-0
— Daily Romania (@daily_romania) June 17, 2024
Десет минути подоцна Ман имаше шанса, но некој од Украинците го блокирашемударот и топката заврши во корнер. Станчу се обиде директно од корнер, но Луни имаше среќа, топјата заврши во гредата.