Ветеранот Иван ракитиќ постигна неверојатен гол за Севилја против Кристал Палас. Шпанскиот и англискиот клуб одиграа контролен меч на стадионот во Детроит. ,
Натпреварот заврши 1:1, а победникот беше решен по првиот промашен пенал. Ракитиќ беше прецизен за Севилја, а обидот на Јоаким Андерсен остана на стативата.
Поранешниот хрватски репрезентативец ја доведе Севилја во водство непосредно пред полувремето со извонреден волеј од тешка позиција. Еберечи Езе на петнаесетина минути пред крајот израмни на 1:1.
И покрај тоа што играа контролен меч, клубовите претходно договорија во случај на нерешен резултат да шутираат пенали. Но не по пет туку до моментот кога еден играч ќе промаши.
Тоа се случи по само една серија, Ракитиќ постигна гол, а Андерсон ја погоди стативата.
Qué barbaridad, hijo. 🚀⚽️ pic.twitter.com/lDdp5Ikr5x
— Sevilla Fútbol Club (@SevillaFC) July 31, 2023