Top Sport

(Видео) Тензии на младинското „Мадрилењо“ – Торес во клинч со Арбелоа

Во минатото беа соиграчи во репрезентацијата на Шпанија и во Ливерпул, но тоа не им пречеше на Фернандо Торес и Алваро Арбелоа да влезат во клинч како тренери на младинските екипи (играчи до 19 години) на Реал и Атлетико.

Атлетико имаше 2:0, а Реал на домашен терен во својот тренинг центар Валдебебес, таа предност успеа да ја стигне.

Во еден момент Торес бурно протестираше, а кога Арбелоа му се доближи, го турна и му рече : „ќе ти ја скинам главата“.

Кога беше исклучен, тој се соочи со навивачите на Реал, кои ги нарече кловнови и ги повика да излезат надвор од стадионот за да се пресемтаат.

Scroll to Top