Top Sport

(Видео) Тепачка го прекина мечот меѓу Црвена Звезда и Ботев во Кипар

Пријателскиот натпревар меѓу Црвена Звезда и Ботев Враца беше прекинат во 67. минута поради хаотични сцени на теренот кога се степаа фудбалерите на двете екипи.

Барбоса во 67. минута му удри бокс на Урош Спајиќ, по што се вмешаа и останатите актери на теренот.

Пред да биде прекината средбата, Ц. Звезда водеше со 2-1 против Ботев Враца.  Владан Милојевиќ реши неговиот тим да се повлече од теренот и не сакаше да игра повеќе меч против Бугарија.

Текстот (Видео) Тепачка го прекина мечот меѓу Црвена Звезда и Ботев во Кипар е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top