Тажна вест доаѓа попладнево од Бразил. Младиот фудбалер, 21-годишниот Кајо Енрике де Лима Гонсалвеш настрада, откако го удри гром на натпревар во Санто Антонио да Платина.
Беше дел од аматерскиот фудбалски клуб од Жапира во регионот Парана. Покрај него, од гром се повредени уште четворица фудбалери. Навивачите го снимија моментот кога се случи страшниот инцидент, пренесува Глобо.
🚨⚠️ GRAVE
Jogador de 21 anos morre durante uma partida de futebol, após ser atingido por um raio.
Caio Henrique (como foi identificado) estava disputando a Copa Regional de Futebol Amador em Santo Antônio-PR.
🗞️ Globo Esporte
🎥 Reprodução
pic.twitter.com/ApyboUyRFi— Goleada Base (@goleada_base) December 11, 2023
Младиот Кајо играше за Униао Жапиренсе, а неговиот роден град упати сочувство до семејството на настраданиот.
– Големиот љубител на фудбалот, Кајо Енрике почна да се занимава со овој спорт на училиште во нашата општина, каде што го пронајде својот талент и низ кариерата во младоста успеа да се истакне на различни начини претставувајќи ја Жапира на најдобар начин, пишува во пораката.
Сè се случи во неделата во 17:30 часот по локално време на стадионот „Хозе Елетерио да Силва“. Пред почетокот на натпреварот врнеше силен дожд, а натпреварот се играше во рамките на регионалниот аматерски фудбалски куп.
Според локалните медиуми, играчот веднаш бил пренесен во ургентниот центар, но не преживеал. Тројца други фудбалери се задржани во болница со изгореници. Ударот на гром остави огромна трага на фудбалскиот терен.