Навивачите на Ливерпул сметаат дека судиите во Премиерлигата имаат нешто против нив, откако повторно добија контроверзен црвен картон.
Гостувањето на „Сент Џејмс парк“ кај Њукасл се претвори во кошмар за тимот на Јирген Клоп, откако прво Ентони Гордон ги донесе домаќините во водство во 25. минута од мечот по катастрофалната грешка од Трент Александер-Арнолд, за само три минути подоцна, капитенот Виргил ван Дајк да добие црвен картон за невнимателен старт.
Да потсетиме, претходниот црвен картон на Алексис Мекалистер при 3:1 победата над Борнмут, подоцна беше повлечен од Премиерлигата.
TRENT ALEXANDER ARNOLD WHAT AN ASSIST THAT WAS
ANTHONY GORDON WITH THE GOAL!
1-0 Newcastle pic.twitter.com/jm9ojbd3rs
— ♛Sauce♛ (@Sauce_Monstar) August 27, 2023
🚨🚨| Van Dijk won the ball but god knows what the referee was thinking as he sent Van Dijk off.
— CentreGoals. (@centregoals) August 27, 2023