Top Sport

(Видео) Звезда со шокантно водство против шампионот Сити, Барса даде три гола за 11 минути

Во едно од најголемите изненадувања по првото полувреме од првото коло во Лигата на шампионите, Црвена звезда успеа да стигне до 1:0 водство по првото полувреме против актуелниот шампион и апсолутен фаворит, Манчестер сити.

По неколку пропуштени шанси пред голот на српскиот клуб, во 45. минута, Осман Букари ја излажа одбраната на Сити и со фантастичен удар го совлада Едерсон за големо изненадување.

На „Ноу Камп“, пак, Барселона постигна три гола за 3:0 водство против Антверпен, Лацио губи дома од Атлетико Мадрид (0:1), а ПСЖ и Борусија Дортмунд имаат 0:0.

Scroll to Top