Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Србинот Немања Видиќ се потсети на раните денови на Кристијано Роналдо и неговата реакција на бурниот карактер на легендарниот Сер Алекс Фергусон.
Роналдо пристигна на „Олд Трафорд“ од Спортинг Лисабон на само 18 години во 2003 година и помина шест години со „ѓаволите“, каде што направи посебна врска со Фергусон, кого го нарекуваше и „втор татко“. Под водство на Ферги, Роналдо стана фудбалер кој секој би го посакал во својот тим, но Видиќ вели дека односите не биле секогаш најдобри.
„Мислам дека Роналдо воопшто не сакаше кога Сер Алекс му врескаше. На почетокот имаше еден момент кога тој првпат му кажа нешто на Роналдо и тој го прифати тоа премногу емоционално. Го сфати врескањето лично, но морате да сфатите немаше ниту 20 години. По ова односите се сменија. Дури и јас не му кажавував кога нешто ќе тргне наопаку. Подобро да не го правите емоционален бидејќи така ќе игра полошо“, вели Видиќ.