Top Sport

Видиќ: Мегваер треба малку да седне на клупата

Немања Видиќ беше легенда на Манчестер јунајтед во одбраната. Хери Мегваер, и покрај тоа што е капитен, не успеа да стигне до таков статус. Видиќ сега му советува на преодниот менаџер Ралф Рангник да го прати Англичанецот на клупа за да ја поправи својата форма.

Видиќ, кој освои три титули од Премиерлигата и една од Лигата на шампионите со Јунајтед во осум сезони на „Олд Трафорд“, вели дека треба да се направи вистинскиот потег и да се тргне Мегваер од позиција во која само ќе добива удари.

„Секој фудбалер има проблеми со формата во одреден дел од кариерата. Јас имав такви периоди и јасно е дека Мегваер не е во најдобра форма оваа сезона. Тоа можеш да го поправиш на неколку начини, а еден од нив е да не играш на секој меч и да ја вратиш самодовербата. Тренерот може да го пушти во полесните натпревари, не дека ги има многу во Премиерлигата, и да го остави на клупа за потешките. Фудбалерот мора да се чувствува моќен и силен на теренот, а сега не е така. Тешко е да се игра кога си под голем притисок, бидејќи сите чекаат ти да направиш грешка“, вели Видиќ во интервју за „Атлетик“.

„Ѓаволите“ имаат примено 42 гола оваа сезона, повеќе од сите клубови во топ 9 во Премиерлигата и сега имаат шест поени заостанување зад Тотенхем во битката за четвртото место.

Scroll to Top