Top Sport

Видиќ најдобар одбранбен играч во историјата на Премиер лигата

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ, во анкетата на „Твитер“ што ја спроведе Скај Спорт е избран за најдобар одбранбен играч во историјата на Премиер лигата.

Видиќ дресот на „црвените ѓаволи“ го носел во периодот од 2006 до 2014 година и освоил 15 трофеи, меѓу кои се пет во Премиер лигата и еден во Лигата на шампионите.

Во „Твитер“ анкетата гласале 51.394 лица, а Видиќ добил 55 отсто од гласовите. Поранешниот српски репрезентативец во анкетата го победил Вирџил ван Дајк, кој две сезони е столб на одбраната на Ливерпул, а пред две недели го доби признанието за најдобар играч во Лигата на шампионите во минатата сезона.

Немања Видиќ во кариерата одиграл 300 натпревари за Манчестер Јунајтед, на теренот минал повеќе од 25.000 минути и постигнал 21 гол за славниот клуб.

Scroll to Top