Менаџерот на Кристал палас и легенда на Арсенал, Патрик Виера му посака на својот стар ривал Рој Кин, кој според британските медиуми е пред преземање на англискиот третолигаш Сандерленд.
Кин, наводно, веќе денеска го имал своето интервју да се врати во клубот каде што беше менаџер пред 13 години, и Виера, кој имаше многу конфликтни ситуации со Ирецот, кога тој беше капитен на Манчестер јунајтед му посака многу среќа.
„Да, мислам дека тој знаеше дека ова е нешто што сака да го прави повторно. Ако има шанса во Сандерленд, мислам дека ќе ја прифати. Не се плаши од предизвици. И му посакувам многу среќа“, изјави Виера.