Top Sport

Виери: Бобан има мади.а, Газидис е кукавица која работи зад грб!

Поранешниот италијански фудбалер, Кристијан Виери смета дека директорот на Милан, Иван Газидис е виновен за хаосот во екипата. Италијанецот смета дека спортскиот директор на Милан, Звонимир Бобан не е „кукла на конец“ и тој секому може в лице да му каже што мисли.

Ова доаѓа откако Бобан го напушта клубот од Милано, небитно дали е избркан или се работи за прекин на соработката.

Пресвртниот момент се случи пред неколку дена кога Бобан во интервју за „Газета дело Спорт“ го обвини Газидис дека му работи зад грб кога без негово знаење сака да го доведе Германецот Ралф Рангник на „Сан Сиро“.

„Бобан ја направи вистинската работа. Газидис разговарал со друг тренер иако тоа не е негова работа. Кој е воопшто Газидис, што тој прави во Милан? Бобан и Малдини требаше да имаат свои улоги. Бобан не можеше да го прифати тоа. Треба да имаш мади.а во животот, да бидеш вистински маж, а Бобан е токму тоа. Не би рекол дека Бобан добил отказ. Она што вистински се случи – еден човек отиде кукавички да му работи на друг зад грб“ – рече Кристијан Виери.

Scroll to Top