Кристијан Виери, некогаш познат напаѓач на италијанската репрезентација, е воодушевен од доаѓањето на Лука Модриќ во Милано.
„Беше единствена можност. Апсолутно би го потпишал за една година“, рече Виери, кој со 23 гола на 49 натпревари е деветти најдобар стрелец за италијанската репрезентација на сите времиња.
Популарниот Бобо разбира дека искуството и класата на Модриќ се непроценливи средства за секој тим.
„Во Италија, играч од неговата класа може да игра 40 натпревари со цигара во уста“, изјави Виери за „Кориере дела Сера“.
Модриќ ќе го прослави својот 40-ти роденден во септември, но Виери вели дека класата нема рок на траење и дека ќе дојде до израз во Серија А, бидејќи во италијанското првенство тактиката победува над физичката сила.
„Лука ќе им го покаже на младите играчи најдобриот начин да станат вистински фудбалери“, рече Бобо Виери.
Фото: Принтскрин