Top Sport

Виери: По Халанд, Душан Влаховиќ е најдобриот напаѓач во Европа

Легендарниот поранешен италијански напаѓач, Кристијан Виери признава дека е воодушевен од ѕвездата на Фиорентина Душан Влаховиќ по шпекулациите дека е можен трансфер во Премиер лигата.

Српскиот напаѓач имаше 21 гол во 37 настапи со Фиорентина минатата година, и Виери вели дека лесно може да го повтори тоа и во новата сезона.

„Влаховиќ, по Халанд, е најдобриот напаѓач во Европа, посебно на таа возраст. Мислам дека 20 гола по сезона не се никаков проблем за него“, вели Виеро за „Ла газета дело спорт“.

Фиорентина се обидува да му го продолжи договорот на Влаховиќ и по 2023 година, но постои голем интерес на Тотенхем, Јувентус и Милан за неговите услуги.

Scroll to Top