Антонио Конте „едвај чека“ да замине од Челси вели неговиот поранешен тимски колега и уште еден поранешен тренер на „Сините“, Џанлука Вијали.
Околу иднината на Италијанецот на „Стемфорд бриџ“ се зборуваше многу оваа сезона, а по поразот од Тотенхем викендов, тој првпат призна дека „не знае“ дали ќе биде во тимот и следната сезона. Односите со бордот на клубот се на најниско ниво по бројните расправии околу трансферот на играчите и Вијали вели дека Конте веќе нема трпение.
„Конте едвај чека да замине од Челси. Не може да поднесе што купуваат и продават играчи без да го консултираат. Вистината е исто така и дека Челси сака повеќе менаџер кој е клупски човек“, вели Вијали во интервју за „Скај Италија“.
Шпекулациите велат дека Пари Сен-Жермен веќе имаат понуда за Конте, но Вијали вели дека тренер од таков калибар нема да има проблеми да најде работа.
„Не знам дали се работи за репрезентацијата или за ПСЖ, Конте може кога ќе посака да најде место каде што ќе почне да освојува нешто важно. Ќе има многу заинтересирани за неговиот потпис“, додаде Вијали.