Викендов пред нас треба да донесе вистинско уживање за фудбалските фанови, бидејќи на програмата се неколку интересни дерби средби. Шлаг на тортата ќе биде според најголемото градско дерби во светот наречено „Суперкласико“, односно дуелот помеѓу аргентинските ривали Ривер Плејт и Бока Јуниорс.
Недела ќе биде особено интересен ден за фудбалските фанови, особено за оние неутралните, на програмата се пет дерби натпревари.
Неделната програма ќе ја отворат „Олд Фирм“ ривалите Глазгов Ренџер и Селтик. Дуелот на градските ривали ќе биде 418 во историјата и ќе започне во 13 часот. Првото градско дерби Ренџерс и Селтик го одиграле на 28 мај 1888 година.
Терминот од 17.30 часот е резервиран за дербито на северен Лондон. Од првиот меч одигран на 4 декември 1909 година, Арсенал и Тотенхем досега одиграле 198 натпревари. Двата тима имаат свои проблеми бидејќи не влегоа добро во новата сезона. Тотенхем по ремито со Манчестер сити неочекувано беа поразени пред своите навивачи од Њукалс, додека Арснеал по стартните две победи доживеаја тешко приземјување во дербито кај Ливерпул.
На Олимпико во Рим од 18 часот ќе започне „Дерби дела Капитале“, Лацио ќе ја пречека Рома. Тимовите од Рим сезоната ја започнаа против екипите од Џенова. Лацио победија кај Сампдорија 3-0, додека Рома одигра 3-3 против Џенова.
Во Хрватска од 18.30 часот ќе започне најголемото дерби во земјата. Динамо Загреб, актуелните шампиони, ќе му гостуваат на Хајдук во Сплит.
Недела ќе заврши со најголемото светско дерби. Од 22 часот на Монументал стадионот во Буенос Аирес својот меч ќе го започнат Ривер Плејт и Бока Јуниорс. Оваа пресметка ќе биде 285 во историјата на меѓусебните дуели, а прва по пауза од 10 месеци кога тимовите играа во финалето на Копа Либертадорес во Мадрид. Аргентинската и светската јавност по овој меч со нетрпение ќе ги очекува и дуелите на овие тимови во полу-финалето во Копа Ливбертадорес.
Претходно во сабота, во Хрватска од 18.30 часот ќе започне најголемото дерби во земјата. Динамо Загреб, актуелните шампиони, ќе му гостуваат на Хајдук во Сплит.
Сабота го носи и дербито на главните конкуренти за титулата во Серија А. Во Торино актуелните шампиони Јувентус ќе го пречекаат Наполи. Натпреварот ќе стартува во 20.45 часот.