Во обид да ја задржи приватноста при заминувањето од фудбалот, поранешниот голман на Барселона, Виктор Валдес ги избриша своите акаунти на сите социјални мрежи.
На 1 јануари, Валдес на Твитер постави фотографија од пат и напиша дека „благодарен на сите“, но сега ги избриша својот Инстаграм и Твитер акаунт.
Сепак, ваквото заминување од фудбалот е нешто што Валдес го најави уште во 2015 година.
„Кога еден ден ќе заминам, тогаш навистина ќе заминам и ќе бидам со моите деца и ќе ги учам за животот. Се надевам дека ќе биде многу тешко да ме пронајдете тогаш“, изјави Валдес во интервју за „РАЦ1“ во 2015 година.
Околу повлекувањето од спортот на Валдес се шпекулираше уште во август, откако тој последен пат настапуваше за тимот на Мидлзборо во 2016/17 и сезоната 2017/18 ја почна без клуб.
Валдес ќе остане запаметен како еден од најдобрите голмани на Барселона, но во 2014 година замина од тимот по низата повреди на коленото и се приклучи на Манчестер јунајтед. Таму не се снајде најдобро и немаше најдобри односи со Луис ван Гал, пред да замине за Мидлзборо.
Му посакуваме сè најдобро.