Астон вила се договориле со Вилјареал за трансфер на шпанскиот дефанзивец, Пау Торес за 40 милиони евра, за повторно да работи со својот поранешен тренер, Унаи Емери.
26-годишниот Торес веќе ги има договорено личните услови со премиерлигашот, и тој беше главна цел на Емери во летниот преоден рок. Торес, кој има 23 настапи за шпанската репрезентација, исто така беше баран од Баерн Минхен по импресивната сезона во Ла лига, но тие се решија за трансфер на Кореецот Ким Мин-Јае од Наполи.
Торес произлезе од младинската школа на Вилјареал и има над 170 настапи за тимот, а беше дел и од шпанската репрезентација на Светското првенство во Катар.