Top Sport

Вилаш-Боаш ги напушти Шангај СИПГ да вози на Дакар релито

Поранешниот менаџер на Тотенхем и Челси, Португалецот Андре Вилаш-Боаш си поднесе оставка од позицијата менаџер на Шангај СИПГ за да учествува на Дакар релито во јануари.

Португалецот ќе вози на релито заедно со Рубен Фарија, поранешен професионален мотоциклист. Тој вели дека сакал да оди „соло“ со мотоцикл, но дека му советувале да почне со тркачки автомобил.

„Зборував со мојот пријател Алекс Дорингер, кој е менаџер на тимот на КТМ и тој ми порача дека ми е потребна цела година подготовки и затоа се решивме на автомобил“, вели Вилаш-Боаш.

Португалскиот менаџер и претходно не ја криеше љубовта кон релито, откако уште во 2013 година посочи дека има две страсти.

„Мојата страст за фудбалот ме тера да живеам интензивно 11 месеци и да се посветам на тоа, но животот нуди и други работи. Во следните пет-десет години ќе се откажам од фудбалот. Амбицијата е да се учествува на Дакар релито и тоа морам да го направам“, изјави тогаш Вилаш-Боаш.

Scroll to Top