Андре Вилаш-Боаш помина само една сезона на клупата на Порто на стартот на кариерата, но вели дека неговиот тим од 2011 бил „порнографски“ во стилот на доминација во Португалија и Европа.
Вилаш-Боаш освои четири трофеи со Порто – Лига Европа, Примиера и Таса де Португал (купот), како и Супертаса (суперкупот) на стартот на сезоната. Тој ја заврши сезоната без пораз во Португалија, а Радамел Фалкао и Хулк во нападот заедно постигнаа 73 голови. Голем број од неговите играчи пото заминаа во поголеми клубови: Фалкао, Хамес Родригез, Николас Отаменди, Фернандо, додека Вилаш-Боаш замина во Челси.
42-годишниот Португалец, кој се врати на тренерската позиција со тимот на Марсеј, вели дека уживал.
„Во Порто, кога се подготвувавме, фудбалерите мораа да го погодуваат тимот со кој ќе играм. Но, тој тим беше ’порнографски’, Хулк, Фалкао, Мутињо, Хамес, Фернандо, Отаменди… Еден од најдобрите на светот. Само погледнете какви кариери направија потоа“, вели Вилаш-Боаш.