Top Sport

Вилаш-Боаш се закани на Марсеј да не му ги продаваат фудбалерите

Андре Вилаш-Боаш се закани дека може да си замине од клупата на Марсеј само шест месеци откако беше ангажиран, откако клубот реши да го вработи поранешниот прв човек на Вест хем, Пол Олдриџ како „специјален советник“.

Олдриџ е човекот што беше одговорен за контроверзните трансфери на Хавиер Маскерано и Карлос Тевез во Вест хем, пристигнува во клубот од југот на Франција со намера да продава фудбалери во Премиер лигата иако Вилаш-Боаш јавно изјави дека не сака да загуби ниту еден фудбалер во јануарскиот преоден рок

Претседателот на клубот, Жак-Анри Ејру не го советувал Вилаш-Боаш за ангажирањето на Олдриџ, и призна дека добил закани по живот од лутите навивачи преку социјалните мрежи.

„Тоа беше одлука која ја направи претседателот и мора да го објасни тој избор. Мислам дека тоа е направено да им се угоди на англиските клубови, но и јас не бев информиран. Не сакам да коментирам премногу. Ако тоа е направено да се помогне Марсеј да преживее економски, тогаш разбирам, но најважно е да остане мојата група фудбалери и да ги оствари целите кои беа поставени, во прв план, пласман во Лигата на шампионите“, вели Вилаш-Боаш.

Вилаш-Боаш ги предводеше Марсеј до второто место во Лига 1 зад недостижните Пари Сен-Жермен, но предупреди дека може да замине доколку се случи „егозодус“ од „Велодром“.

„Би требало да одговорам искрено, но не можам, морам да бидам внимателен што кажувам. Но, јас сум човек од збор. Си заминав од Кина каде што заработував 12 милиони годишно. Дојдов тука поради мојата врска со директорот Андони Зубизарета. Убаво сум пречекан тука и за мене фудбалот е за големите искуства без географско ограничување“, вели Вилаш-Боаш.

Scroll to Top