Top Sport

Вилфред Бони дојде во Сити за 32 милиони, а сега игра во четврта лига

30 годишниот напаѓач Вилфред Бони кој Манчестер Сити за 32 милиони евра го купи од Сванси сега е без клуб и игра за четвртолигашот од Англија, Њу Порт.

„Прекрасно е да се има ваков играч во екипата. Се труди на тренинзите, вистински професионалец“ рече тренерот на тимот, Мајк Флин.

Бони во Манчестер се задржа сезона ипол, одигра 46 мела и постигна 11 гола. Беше потоа на позајмица во Стоук, па се врати во Свонси за 13 милиони евра.

Сепак во клубот во кој се прослави не успеа да заигра во старата форма. Оттаму го испратија во Ал Арабија, а ова лето го раскина и тој договор, па сега тренира со четвртолигаш.

Scroll to Top