Крилото на Челси, Вилијан веќе го осигурал обединувањето со Жозе Мурињо, откако се согласил да направи трансфер во Тотенхем ова лето, тврди „БеИН спортс“.
Се очекува 31-годишниот Бразилец по седум години да си замине од „Стемфорд бриџ“ кога ќе заврши неговиот договор во јуни, и според англиските извори тој веќе има усен договор со Мурињо да го засили ривалот од северен Лондон.
Вилијан играше под Мурињо во Челси од август 2013 до декември 2015, пред Португалецот по вторпат да замине од „сините“. Тој и неговото семејство се чувствуваат како дома во Лондон, а фудбалерот останува „голем пријател“ со Португалецот.
„Имам одлични односи со Жозе и тој ми е голем пријател. Честопати зборуваме, но кога се работи за трансфери, тој ги почитува моите одлуки. Лондон ми се допаѓа како град и мене и на моето семејство, но не знам што носи иднината. Дали ќе останам во Челси, ќе одам во друг лондонски клуб или ќе заминам од Англија. Ќе видиме“, изјави Вилијан неодамна.