Top Sport

Вилијан одби да продолжи со Фулам, станува слободен играч

Бразилскиот ветеран Вилијан ја одбил понудата да остане во Фулам и ќе стане слободен играч, јавува „Стандард“, додавајќи дека тоа е лоша вест за менаџерот Марко Силва, кој исто така е мета на клубовите од Саудиска Арабија.

Поранешниот фудбалер на Челси и Арсенал имааше одлична повратничка сезон во Премиерлигата со 5 голаа и 6 асистенции во 27 меча, а Фулам заврши на 10. место на табелата. 34-годишниот Бразилец, бил подготвен да остане во Фулам, но барал повисока плата, која лондонскиот клуб не му ја понудил.

Тој имаше седум сезони во Челси од 2013 до 2020, освојувајќи две титули од Премиерлигата и една од Лига Европа, но во Арсенал не успеа да го повтори тоа, со само еден гол и 7 асистенции во 37 меча, пред во 2021/22 да се врати во татковината со Коринтијанс.

Scroll to Top