Top Sport

Вилијан: Со Артета имаме план Арсенал за три години да ја освои ЛШ

На новото засилување за Арсенал, Бразилецот Вилијан не му недостасуваат амбиции, откако во интервју за „Сан“ изјави дека заедно со менаџерот Микел Артета имаат план за три години да ја освојат Лигата на шампиони.

Вилијан дојде од Челси како слободен играч и потпиша тригодишен договор со „топчиите“, кои инаку се клуб кој никогаш не ја освоил Лигата на шампиони.

„Една од главните причини поради која сакав тригодишен договор е да бидам дел од планот, а не само фудбалер кој поминува во клубот. Кога зборував со Артета, тој ми кажа зошто сум му потребен на долги патеки. Прво сакаме да се квалификуваме во Лигата на шампионите и додека сум тука да ја освоиме. Тоа сакав да го слушнам. Бев во Челси седум години и таму освоив сè освен Лигата на шампионите“, вели Вилијан.

Scroll to Top