Top Sport

Вилјареал ја издржа офанзивата на „црвените“ – без голови во првото полувреме на „Енфилд“

Одличната одбрана на Вилјареал, заедно со голманот Херонимо Рулји осигураа Ливерпул да нема предност по првото полувреме од првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите на „Енфилд“, најавувајќи поинаква тактичка битка по вчерашниот супер-ефикасен дуел меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид.

Тимот на Унаи Емери дојде со јасна тактика на дефанзивна игра во Ливерпул, откако поголемиот дел од акцијата беше од средината на теренот до шестнаесетникот на шпанскиот тим. „Жолтата подморница“, секако, се обидува да игра на кртки прекини и да ја чека својата шанса во нападот. Можеби најубавата шанса ја имаше Тијаго Алкантара во 41. минута кога ја погоди стативата.

Scroll to Top