Top Sport

Вилшир не е подготвен за пензија: Заборавате дека имам само 28 години

Поранешниот фудбалер од средниот ред на Арсенал и Вест хем, Џек Вилшир вели дека има уште многу дададе во професионалниот фудбал и покрај тоа што „чеканите“ му го раскинаа договорот.

Вест хем го отпуштија Вилшир од договорот од 100.000 фунти неделно, и тој стана слободен играч откако имаше само 19 настапи во две сезони за клубот од Лондон и само 6 старта во Премиер лигата. Вилшир имаше низа повреди кои му попречија во кариерата, но тој вели дека сега е подготвен.

„Луѓето кажуваат тоа што го мислат, а фудбалерите се добро платени, така што тоа е во ред. Но, нема нешто што те исцрпува повеќе од тоа кога не играш без разлика на што работиш на тренинзите. Не сакав веќе да работам во таква атмосфера. Важно е да најдам клуб каде што ќе играм и ќе бидам важен играч. Отворен сум и за Европа, нема проблем. Луѓето забораваат дека имам 28 години, бидејќи започнав одамна. Во главата сум фит подолго време, иако немам мечеви“, вели Вилшир.

Scroll to Top