Top Sport

Вилшир: Сопругата ќе одлучи кога ќе престанам со фудбалот

Поранешниот талент на Арсенал, Џек Вилшир уште е во потрага на фудбалски клуб кој би ангажирал по отпуштањето од Бурнемаут, но признава дека неговата сопруга, Андријани Мајкл ќе одлучи кога ќе биде време тој да се откаже.

29-годишниот Вилшир, кој во кариерата имаше 34 настапи за Англија и 141 настап во Премиер лигата, и покрај ветувањата дека секогаш е добредојден во Арсенал, уште нема клуб, и признава дека ќе дојде време да се пензионира.

„Го имав овој разговор со мојата госпоѓа неодамна, и јасно и кажав дека таа ќе ми каже кога да престанам. Засега се обидувам, тренирам секој ден, барам место. Кога ќе каже дека е доволно, ќе се фокусирам на нешто друго. Ако не добијам шанса, нормално дека ќе размислувам за повлекување. Но, кога ќе видиш познат фудбалер и тој ќе каже дека не му се верува дека немам клуб, тоа ми дава надеж да продолжам“, вели Вилшир.

Scroll to Top