Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор вели дека тие кои се виновни за расизам на фудбалските трибини треба да добијат доживотни забрани за влез на стадионите по контроверзите во Шпанија минатиот месец.
Популарниот Вини беше мета на критики по неговото танцување по постигнувањето на голови, по што еден фудбалски агент повика тој да престане „да се мајмунисува“, а потоа на дербито со Атлетико Мадрид се појавија снимки на кои навивачите на градскиот ривал пејат расистички песни за него.
„Ако повредиш некого, мораш да платиш. Не можеме да кажеме дека расизмот во фудбалот ќе заврши бидејќи многу луѓе го прават тоа. Но, сакам да верувам дека има повеќе добри отколку лоши луѓе. Сите кои се расисти мора да платат некако. Тие сакаат да гледаат фудбал, па на тие навивачи на Атлетико не треба да им се дозволи повторно да стапнат на стаион. Така ќе страдаат за своите постапки и ќе се подразмислат“, вели Винисиус за „ТВ глобо“.