Напаѓачот на Реал Мадрид Винисисус Жуниор смета дека судијата Даниеле Орсато со намера го оштетил неговиот тим во првиот осмина-финален натпревар против Манчестер сити.
Англискиот тим, синоќа, со пресврт успеа даго победи Реал во Мадрид со 2:1. Играчите на Реал се жалат дека кога го постигнал првиот гол Габриел Жесус направил прекршок врз Серхио Рамос.
„Сите видоа дека Жесус направи прекршок. Требаше да се гледа ВАР, но судијата не сакаше. Веднаш беше јасно што се случува. Судиите секогаш носат одлуки на наша штета. Секогаш е така. Имам освоено најмногу титули во Лигата на шампионите, но вакви работи се повторуваат“, рекол Винисисус кој поради оваа изјава може да биде казнет од УЕФА.
Реваншот Сити и Реал ќе го одиграат на 17 март.