Top Sport

Винисиус: Азар има бразилска смисла за хумор, но уште не знае шпански

Тинејџерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор вели дека Еден Азар има бразилска смисла за хумор и дека одлично се согласува со Бразилците во тимот.

Винисиус, кој дојде на „Бернабеу“ од Фламенго во 2017 година, е соиграч со Азар само половина година, откако Азар дојде од Челси по седум години во Премиер лигата.

„Тој е близок со нас, Бразилците, му се допаѓа како играме, знае да се шегува со нас, исто како Марсело. Но, уште не зборува шпански и кога ќе научи ќе бидеме уште поблиски“, вели 19-годишниот Винисиус.

Тој исто најави дека би сакал да добие повик во бразилската репрезентација, откако Тите не го повика за Копа Америка минатото лето, кога „селесао“ ја освои титулата.

„Се надевам дека ќе бидам во следниот тим. Секогаш сакам да играм за Бразил, да бидам во тоа опкружување. Играме Олимпијада и ќе биде убаво таму со Родриго, Едер Милитао, Касемиро и Марсело“, додава Винисиус.

Scroll to Top