Top Sport

„Винисиус да го споредам со Меси? Имајте добра ноќ“

Реакцијата на Џорди Алба откако новинар го замолил да ги спореди Лионел Меси и Винисиус Жуниор е хит на иинтернет.

Меси, во неделата во победата над Еибар (3:0), го постигна својот 400. гол во првенството и стана првиот играч такво достигнување. На најсилните европски шампионати пред него е Кристијано Роналдо кој има постигнато 409 гола, но Португалецот одиграл 63 натпревари повеќе од Аргентинецот.

По мечот со Еибар, еден новинар го замолил Џорди Алба да ги спореди Меси и младиот играч на Реал, Винисису Жуниор.

Одговорот на Алба е краток и јасен:

„Имајте добра ноќ“, рекол Алба со насмевка и заминал од стадионот.

Scroll to Top