Top Sport

Винисиус Жуниор префрлен во Реал Мадрид Б

Еден од најдобрите играчи на Реал во минатата сезона, младиот Бразилец Винисиус Жуниор, новата сезона ќе ја започне во Б-тимот на „кралскиот клуб“, кој се натпреварува во третиот ранг на шпанскиот фудбал, Сегунда-Б лига.

Винисисус Жуниор, кај тренерот Сантијаго Солари, беше еден од ретките фудбалери кои во континуитет играше добро. Минатата сезона одигра 18 натпревари и постигна два гола.

Весникот „АС“ пишува дека Зинедин Зидан изненадил многу мина со одлуката да го префрли во Б-тимот, чии тренер во новата сезона ќе биде легендарниот Раул Гонзалес.

Во исто време, Зидан решил вториот талентиран Бразилец, 18 годишниот Родриго да игра во Реал Кастилја, додека Јапонецот Кубо ќе биде префрлен во младинскиот тим, популарниот „Хувенил А “.

Според правилата на Ла Лига, доколку Винисиус Жуниор сезонава одигра повеќе од десет натпревари за најсилниот тим на Реал, тогаш повеќе нема да може да игра за Реал Мадрид – Б. Во исто време неговиот сонародник Родриго без никакви ограничувања ќе може да ги менува тимовите.

Scroll to Top