Фиорентина успеа да стигне до импресивна 0:2 победа на „жешкото“ гостување кај Рома, решавајќи го мечот во првото полувреме.
Шокот почна уште во седмата минута кога Марко Бенаси по една мешаница пред голот на Алисон го совлада голманот со одлична реакција, а мечот го реши Џовани Симеоне, синот на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего, откако успеа сам да се пробие во шестнаесетникот на „волчицата“ и да го совлада голманот.
Со поразот, Рома останува на третото место во Серија А со 60 поени, само еден повеќе од Интер и три зад Лацио, кои утре ги играат своите мечеви. Фиорентина пак, со шестата победа во низа сега е на седмото место со 50 поени.
Фото: ЕПА
СЕРИЈА А, 31.КОЛО
Рома – Фиорентина 0:2
СПАЛ – Аталанта 1:1