Легија Варшава синоќа неочекувано загуби 0:2 од Спартак Трнава, во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Полскиот првак беше фаворит во дуелот со Словаците, меѓутоа тешко дека ќе може да ја надомести оваа негатива во реваншот.
Тренерот на Легија, Деан Клафуриќ, по мечот се жалел дека тимот му го покосил вирус и дека поради тоа неговите играчи немале енергија на теренот.
„Не сум личност што бара изговори, но морам да објаснам зошто моите играчи изгледаа вака на теренот. Многу играчи и дел од струшниот штаб го закачи вирус. Имаа температура и повраќаа цела ноќ, што ни предизвика проблеми во составувањето на тимот. Сум бил фудбалер и знам што значи кога си болен, а мораш да играш. Карлитос, Антолиќ, Канте, Симански се само дела од играчите што се болни“, рекол хрватскиот тренер.
Реваншот во Трнава на програмата е на 1.август, а победникот во третото коло ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Црвена звезда и Судува. Црвена звезда првиот меч го доби со 3:0.