Top Sport

Вишќа ги „уништи“ Корејците (видео)

Един Вишќа постигна хет-трик за Босна и Херцеговина со 3:1 да ја совлада Јужна Кореја во пријателскиот меч во Џеонџу и да им ги расипе подготовките за Мундијалот.

Во последниот меч пред својата публика пред СП, Корејците изгледаа слабо, посебно во одбраната, дозволувајќи му на крилото на Башакшехир да стигне до одлични три гола и да донесе импресивна победа на тимот на селекторот Роберт Просинечки.

Кореја ќе продолжи со подготовките во Австрија, а се наоѓа во тешката група Ф со Германија, Шведска и Мексико.

Фото: ЕПА

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');