Top Sport

Влаховиќ не им „крева“ на Арсенал

Според италијанскиот експерт за трансфери, Џанлука ди Марцио, сите обиди на Арсенал да контактираат со напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ завршиле неуспешно, бидејќи неговиот агент воопшто не ги прифаќа повиците од премиерлигашот.

Напаѓачот предизвика контроверзи во Фиренца, откако одби да го продолжи договорот со клубот и покрај тоа што тие сакаа да го направат најплатен фудбалер во историјата на Виола, и има договор до јуни 2023 година, а италијанските медиуми тврдат дека Фиорентина сака да го продаде за 80 милиони евра на Јувентус.

Според клубот, Србинот веќе има вербален договор со Јувентус и ќе ги одбие сите понуди, слично како што во последните години направи нивниот поранешен фудбалер Федерико Киеза, како и Мануел Локатели со Сасуоло.

Ди Марцио тврди дека Арсенал се подготвени да дадат 80 милиони евра веќе во јануари и дека почнале преговори со Фиорентина, но дека не можат да го „најдат“ агентот на Влаховиќ.

Scroll to Top