Top Sport

Влаховиќ се сели во Атлетико Мадрид за 70 милиони евра?

Голгетерот на Фиорентина, српскиот интернационалец Душан Влаховиќ (21) речиси сигурно ќе биде нов играч на Атлетико Мадрид и тоа за трансфер вреден 70 милиони евра, пишува италијански „Кориере дело Спорт“.

Информациите оттаму се дека „работата е готова“.

Изминатиот период се шпекулираше со сума од 60 милиони евра, но наводите се дека за 70 милиони евра газдата на „виолетовите“, Роко Комисо ќе му биде тешко да рече „не“.

„Кориере“ пишува дека останува само да се средат деталите околу трансферот.

Фиорентина сака на Влаховиќ да му даде нов договор со плата од околу 3,5 милиони евра годишно и откупна клаузула од 100 милиони евра.


Доколку се реализира овој трансфер, младиот напаѓач ќе стане играчот со највисок трансфер во Србија. Рекордот го држи Лука Јовиќ кој летото 2018. од Ајнтрахт Франкфурт во Реал Мадрид премина за 63 милиони евра.

Scroll to Top