Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) воведе ново правило во пресрет на натпреварот помеѓу Фулам и Брентфорд по кој ќе биде познат последниот патник во Премиер лигата.
Согласно новите правила кои се поврзани со пандемијата на коронавирусот, судијата ќе има право да додели црвен картон на играч кој ќе кашла во правец на притивникот.
Насоките на ФА се ваков прекршок да се третира како намерно удирање на противникот кое се казнува со директен црвен картон.
Доколку фудбалер биде исклучен поради кашлање во правец на противникот ќе добие суспензија од две или три натпревари.
Во случај да дојде до ваква ситуација судијата ќе може да ја прегледа на мониторот пред да ја донесе конечната одлука.