Навивачите на Атлетико Мадрид, но и првите луѓе на клубот, се бесни од начинот на кој Томас Парти замина во Арсенал во последните часови од преодниот рок.
Во шпанскиот клуб биле свесни дека Парти може да замине, откако претходно на сличен начин со откуп на клаузулата ги загубиле и Антоан Гризман, Родри Ернандез и Лукас Ернандез, но разликата била во тоа што со Парти работите се одвивале во последните часови од преодниот рок.
Сепак, потегот на Парти во клубот го сфатиле како предавство, откако тој пристигна кај „рохибланкос“ пред осум години како тинејџер во 2012, и од 2015 година имаше место во првиот тим. Парти, пак, бил лут на тоа што неговата плата не била на висината на неговите колеги, иако Атлетико мината година му понудиле подобрен договор (секако со зголемена клаузула).
Навивачите на Атлетико, исто така не го штедеа Парти, со илјадници пораки на социјалните мрежи во кои го нарекуваа „предавник“ и „стаорец“.