Top Sport

Во Баерн му се лути на Лева, повреден ќе игра против БиХ

Роберт Левандовски им го „кренал притисокот“ на сите во Баерн бидејќи против Италија во Лигата на нации играл со повреда, а имал намера да игра и утре против Босна и Херцеговина.

Најдобриот играч во Европа за минатата сезона против Италија одигра 82 минути, а по мечот полските медиуми објавија дека тој во првото полувреме се повредил но одбил да биде земенет.

Од Баерн побарале полскиот селектор да го ослободи од обврските Левандовски за утрешниот натпревар во Вроцлав, меѓутоа Полјаците одбиле да го сторат тоа што дополнително ги налутило челниците на клубот од Минхен.

Претпоставките се дека Левендовски против Босна и Херцеговина ќе одигра 60 минути.

Scroll to Top