Скаутите и тренерскиот тим на Барселона го идентификувале Н’Голо Канте како совршен замена за ветеранот Серхио Бускетс, тврди каталонскиот „Релево“.
Договорот на Бускетс со Барселона завршува во јули 2023 година и во клубот сметаат дека неговото време на „Ноу Камп“ истекува и дека нема да му биде понудено продолжување на договорот.
Канте, пак, кој се повреди и нема да настапи на Светското првенство со Франција, исто така има договор со Челси до крајот на актуелната сезона, што значи дека Барселона ќе може да го добие без да плати отштета на англискиот клуб.
El Barcelona está buscando 𝙨𝙪𝙨𝙩𝙞𝙩𝙪𝙩𝙤 𝙥𝙖𝙧𝙖 𝘽𝙪𝙨𝙦𝙪𝙚𝙩𝙨.
💥 Y el favorito de la dirección deportiva y del cuerpo técnico del club es N'Golo Kanté.@albert_roge 🤝 @tjuanmarti
💻 https://t.co/zbPnqO6RDj pic.twitter.com/XRDCCzhOpg
— Relevo (@relevo) October 28, 2022