Top Sport

Во Барселона знаат дека не можат да им дадат богати договори на Фати и Педри

Во Барселона се сигурни дека Ансу Фати и Педри се иднина на клубот и дека ќе потпишат нови договори со клубот од „Ноу Камп“, иако признаваат дека не можат да им понудат богати договори како во минатото.

Проблематичното владеење на поранешниот претседател Жозеп Марија Бартомеу ја остави Барселона со огромен долг, кој предизвика заминување на Лионел Меси во текот на летото, и сега останува да се гради нов тим, во чија главна улога треба да бидат талентираните Фати и Педри.

По Фати и Педри, остануваат и други проблеми – Роналд Араухо и Гави се следни за нови договори и исто така се клучни во планирањето за иднината. Уругваецот Араухо има клаузула во договорот од 200 милиони евра и обврзан е до 2023, но Гави, кој стана најмладиот шпански репрезентативец во историјата на 17 години, има клаузула од само 50 милиони евра.

Scroll to Top