Фудбалски судија во Ел Салвадор беше убиен од навивачи и играчи за време на натпревар во главниот град на државата Сан Салвадор.
63-годишниот Хозе Арнолдо Амаја го загуби животот поради повредите кои ги доби на натпреварот кој го судеше на стадионот „Толука“ во Сан Салвадор.
Судијата најпрвин беше физички нападнат од еден фудбалер на домашниот тим откако му покажал жолт картон. Потоа на теренот влетале навивачите кои продолжиле со линчот. Амаја починал во амбулантно возило.
Ел Салвадор е инаку познат како земја со најмногу убиства во светот.
Fallece un árbitro de El Salvador, después de recibir una paliza en pleno partido, José Arnoldo Amaya, colegiado de 63 años, murió tras recibir una paliza el pasado fin de semana en pleno partido en el Estadio Toluca. pic.twitter.com/xdU5yOiuwD
— Chapoisat (@ChapoisatMoises) June 14, 2022