Top Sport

Во финалето на францускиот Лига-куп ќе играат аутсајдерите Стразбур и Генгам! (видео)

Во финалето на францускиот Лига куп ќе се соочат неочекувани противници – гордоста на Алзас, Стразбур и гордоста на Бретања, Генгам, откако Расинг Клуб де Стразбур стигна до финалето по 3:2 победата над Бордо.

Стазбур успеа да ги победи Жирондинците со фантастични 11 минути во второто полувреме, откако губеа со 0:1 на полувремето по голот на Санкаре во 14. минута. Ажорк во 49. минута и двапати Мотиба (55. и 60. минута) направија целосен пресврт, пред Бордо да си даде надеж со голот на Бријан во 83. минута.

Генгам вчера влезе во финалето откако на пенали го совлада Монако.

Scroll to Top