Српскиот фудбалски напаѓач, Лука Јовиќ е близу до потпис со милански Интер, пренесува шпанска „Марка“.
Јовиќ, според информациите, е на излезна врата во Реал Мадрид и на чекор до премин во редовите на италијанскиот шампион.
Ниту Карло Анчелоти, како Зидан претходно, го нема Јовиќ во своите планови, па нов клуб за српскиот интернационалец е најлогичен епилог.
Интер остана без ударната игла во нападот – Ромелу Лукаку се врати во Челси, па празнината „Нероазурите“ се обидуваат да ја пополнат. Веќе го доведоа Един Џеко од Рома, а Јовиќ би можело да биде опција плус во нападот.
Неофицијално, од мадридскиот клуб сакаат Србинот да го испратат на позајмица како што минатата сезона беше случај за во Ајнтрахт Франкфурт.
Dopo #Dzeko l'#Inter vuole anche #Jovic
Il serbo è fuori dai piani di #Ancelotti ma il #Real vuole monetizzare ?https://t.co/3vFcJAc1l3#calciomercato
— RaiSport (@RaiSport) August 16, 2021