Top Sport

Во јануари тројца ќе заминат од Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп во јануарскиот преоден рок ќе го намали ростерот, откако се согласил да им дозволи на тројца фудбалери да го напуштат клубот.

Клоп нема да смета на услугите на Дани Ингс, Џон Фланаган и Лазар Марковиќ.

Овие тројца речиси и дане добија можност да настапат на официјален натпревар од почетокот на сезоната.

Ингс од доаѓањето на „Енфилд“ има проблеми со повредите, поради што не успеа да се наметне како решение во нападот.

Сличени проблеми има и Фланаган, тој е далеку од својата најдобра форма и него најверојатно Ливерпул ќе го испрати на позајмица.

Србинот Марковиќ беше донесен од Бенфика како големо засилување но никогаш не ги покажа своите вистински квалитети, поради што беше позајмуван во Вулверхемптон и Фенербахче.

Не е исклучено Марковиќ во јануарскиот преоден рок да заврши во екипата на Вотфорд.

Scroll to Top