Првите луѓе на Манчестер јунајтед се исфрустрирани од социјалните мрежи поради повиците за слаба активност во преодниот рок, бидејќи таа негативност може да се пресели и на фудбалерите, тврди „ЕСПН“.
„Ѓаволите“ не успеаја да го донесат толку посакуваниот Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд и досега се засилија само со Дони ван де Бек од Ајакс, додека нивните ривали потрошија многу повеќе пари. Челси успеа да потроши над 200 милиони фунти на засилувања, Ливерпул го донесоа Тијаго Алкантара, Тотенхем го чека потписот на Серхио Регуилон и Герет Бејл, а дури и Арсенал и Евертон донесоа позвучни имиња од „ѓаволите“.
Според „ЕСПН“, Јунајтед не биле блиску до Бејл и Регуилон и се изненадени од извештаите дека Јунајтед „пропуштиле“ нешто, и веруваат дека тоа може да влијае негативно на фудбалерите, кои овој викенд ја стартуваат сезона против Кристал Палас.
Колку социјалните мрежи станаа платформа за опипување на пулсот на навивачите на Јунајтед, стана јасно во јануари, кога го донесоа Одион Игало по многуте позитивни оценки на навивачите. Уште попозитивен беше приемот на Бруно Фернандеш, кој веднаш стана миленик на фановите.